Три лица убиени во напад со нож на Менхетен
Три лица се убиени во напад со нож на Менхетен, а полицијата уапсила осомничен кој, според властите, ги извршил нападите без очигледна причина.
Рамон Ривера, 51-годишен бездомник, вчера е обвинет за три убиства, соопшти њујоршката полиција, пренесува Еј-Би-Си Њуз.
Првата жртва, 36-годишниот Анхел Лата Ленди, бил убиен околу осум часот наутро додека работел на градилиште. Два часа подоцна, 68-годишен маж починал од повеќе убоди.
Идентитетот на втората жртва не е соопштен. Третата жртва, 36-годишна жена, имала повеќе убодни рани во градите и раката и била пренесена во болница, каде подоцна починала.
Осомничениот досега бил уапсен осум пати и се верува дека има проблеми со менталното здравје, изјави градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс. јт/Фото: Полиција на Њујорк на Х .
Ново на Сител
-
Еуроактив: Нема преговори меѓу Софија и Скопје, македонската влада сепак дава шанса на дијалогот
-
Преглед на вестите од светот
-
Избран нов Виш обвинител во скопското обвинителство
-
Нова компресорска станица на скопските клиники
-
Безбеден интерент за младите
-
Во ера на дигитализација младите не спортуваат
-
Телешко месо во месарите по цена од над 800 денари за килограм, а фармерите со „кратки ракави“
-
Преглед на вестите од светот