Три лица фатени со марихуана во источниот регион
Три лица од Штип, Пробиштип и светиниколското село Пеширово се фатени со марихуана. Полицијата синоќа во два одделни случаи ги фатила лицата, кои се на возраст од 22 до 26 години.
Во првиот случја на магистралниот пат Велес-Штип, кај населбата Три Чешми, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода 22-годишниот Б.П. бидејќи при негов личен и преглед на возилото кое го управувал била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во вториот случај во 23:35 часот во пробиштипското село Ратавица од страна на полициски службеници од Полициската станица Пробиштип и полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога од СВР Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекусори“, лишени се од слобода 26 годишниот С.И. од Пробиштип и 25 годишниот А.Ј. од светниколското село Пеширово. При извршениот преглед кај лицата била пронајдена марихуана. Надлежните од СВР-Штип велат дека се работи на комплетирање на случајот, по што ќе биде поднесена кривична пријава.
Ново на Сител
-
Дивац опериран по сообраќајна несреќа во Црна Гора
-
Мбапе пуштен од болницата во Мајами
-
Истрага против две лица за тешката сообраќајна несреќа во Охрид
-
САД распоредуваат трет носач на авиони поблиску до конфликтот на Блискиот Исток
-
„Амазон“ ќе произведува 10.000 самоуправувачки „роботакси“ - возила годишно
-
Дисциплинската комисија на ЈОРСМ утврдила крупни грешки кај шефот на Вишото јавно обвинителство
-
На граничните премини Богородица и Табановце од македонска страна се чека до половина час
-
УНХЦР се подготвува за голем бран бегалци од Иран