Трамп: За земјите кои соработуваат со БРИКС ќе има дополнителни царини
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека секоја земја што ја поддржува политиката на БРИКС, која е спротивна на интересите на САД, ќе се соочи со дополнителна царина од 10 проценти.
“Секоја земја што се согласува со антиамериканската политика на БРИКС ќе плати ДОПОЛНИТЕЛНА царина од 10 проценти. Нема да има исклучоци”, објави Трамп на неговата социјална мрежа „Трут соушл“.
Оваа негова изјава дојде откако државите членки на БРИКС ја критикуваа царинската политика, предложија измени на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и методот на одредување на вредноста на важните светски валути.
Американскиот секретар за финансии, Скот Бесент, вчера рече дека давачките објавени од Трамп уште во април ќе стапат на сила на 1 август за сите земји кои до тој момент нема да постигнат договор со неговата администрација.
Претседателите на БРИКС вчера и денес учествуваат на Самитот во Рио де Жанеиро, од каде апелираа за измена на светските институции и го претставија сојузот како платформа за дипломатија во период на зголемени трговски судири и геополитички тензии.
Ново на Сител
-
Црвен крст и МВР ќе потпишат Меморандум за соработка
-
Украина се повлекува од договорот за забрана на противпешадиски мини
-
Се уште гори на две локации - во Велешко и кај Македонски Брод, пожарот кај Дојран ставен под контрола
-
Пентагон повлекува 2.000 припадници на Националната гарда од Лос Анџелес
-
Почнува изградбата на Ветерниот парк Штип, инвестиција вредна над 500 милиони долари
-
Во ЕУ има двојно повеќе семејства со домашни миленици отколку со деца
-
Трамп: Наскоро ќе бидат испратени царински писма до помалите земји
-
Сончево и многу топло до 39 степени, освежување од петок