Трамп се заканува дека борците на ИД ќе ги пушти на европските граници
Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика европските држави да ги примат назад своите граѓани кои и се приклучиле на вооружената група Исламска Држава Ирак и Левант и кои се затворени во кампови во источна Сирија под контрола на курдските сили.
Илјадници странски борци од осумдесет земји и се приклучија на ИД кога во 2014 зазема големи области во Сирија и Ирак.
Судбината на припадниците на вооружените сили и нивните семејства стана жешко прашање откако на почетокот од минатата година беше прогласена победа над ИД.
Дел од децата се вратени, но европските држави не сакаат да ги примат назад оние кои свесно и се приклучиле на вооружената група.
– Во еден момент ќе морам да кажам: или ќе ги примите назад или ќе ги пуштам да дојдат на вашите граници, рече Трамп.
Тој додаде дека САД нема да ги плаќаат трошоците за притвор на „илјадници борци“.
Ново на Сител
-
Започна конкурсот за упис на бруцоши во Државниот студенстки дом во Штип
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ вечерва ќе ја финализира листата за градоначалници
-
Teма на денот со Димитар Николовски, Евротинк
-
Атентат врз поддржувачот на Трамп, Чарли Кирк
-
Дрисла се уште го гуши Скопје
-
Пратениците влегоа и во Разузнавање – Документи не добија на увид
-
Црвените линии на Филипче идната недела во Собранието