Започна конкурсот за упис на бруцоши во Државниот студенстки дом во Штип
Започна конкурсот за прием на бруцоши кои ќе претстојуваат во Државниот студентски дом „Браќа Миладиновци“ во Штип. Конкурсот ќе трае до 17-ти септември, а може да конкурираат сите студенти кои ги исполнуваат условите, односно, да запишале прва година на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ и да се со адреса на живеење оддалежена повеќе од 20 километри.
Во меѓувреме, МОН ги објави резултатите за сместување во домот на студентите од втора до четврта година.
-Во периодот од 15-ти до 31-ви јули беше конкурсот за студенти. Студентите се пријавуваат единствено преку електронски пат на конкурсот кој беше објавен од МОН. Резултати од конкурсот излега на 6-ти септември и имаме 107 студенти кои се примени во нашиот дом. Во тек се приговорите кои ги поднесуваат студентите и истото можат да го прават до 15-ти септември, а подоцна ќе се одлучува про приговорите, така што очекуваме до крајот на месец септември да се изврши комплетен упис на домците во домот, изјави Гордана Барбашка, В.Д. директорка на ДСД „Браќа Миладиновци“- Штип.
Во текот на летниот период се работеше на подобрување на условите во домот. Во државниот студентски дом, покрај студенти се сместуваат и средношколци, располага со 236 кревети рааспоредени во 40 соби.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар