Трамп се закани дека нападите врз Иран „ќе станат многу полоши“ доколку повторно бидат нападнати бродови

Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди Иран дека секој натамошен напад врз бродови ќе наиде на уште поостар одговор, откако американската војска изврши нови напади врз земјата.
„Ова е одмазда за вчерашното бомбардирање на бродови од страна на Иран. Ако тоа се повтори, ќе стане многу полошо!“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут Соушл“ (Truth Social).
Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) соопшти дека лансирала нов бран напади со цел да ја ограничи способноста на Техеран да го попречува поморскиот сообраќај низ Ормуската Теснина.
Техеран официјално не ја презеде одговорноста за последните напади врз бродовите. Сепак, Иран претходно изјави дека е безбедна само рутата што тој ја одредил низ Ормуската Теснина.
Трамп претходно вчера на самитот на НАТО во Анкара изјави дека кревкото примирје договорено во април е „завршено“.Претставници на Вашингтон и Техеран во средината на јуни се договорија за рамковен договор. Неговата цел беше да овозможи 60-дневна преговарачка фаза и да го трасира патот кон трајно решение на конфликтот.
По последните борби, не е јасно дали таа временска рамка сè уште е во сила, пренесе ДПА.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Никола Србов, историчар
-

Мицкоски верува во решение преку дијалог со Бугарија - Филипче бара европска иднина
-

ВМРО-ДПМНЕ со 3,5 пати поголем рејтинг од СДСМ
-

Кризната состојба за горивата ќе продолжи до април, намалено ДДВ за дизелот до 20 октомври
-

30.000 вакцини против грип пристигнаа во земјата – имунизацијата за една недела
-

Скопското Кале ќе биде прогласено за културно наследство
-

Оризовите стрништа го палат алармот кај пожарникарите
-

Од 20 - 30 питачи од најмала возраст во Oхрид
