Трамп: САД еднострано ќе дејствуваат против Северна Кореја, доколку Кина не сака да соработува
САД се подготвени за еднострано соочување со севернокорејската нуклеарна закана, доколку Кина не помогне, предупреди американскиот претседател, Доналд Трамп во интервју за весникот „Фајненшл тајмс“.
Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг че се сретнат прв пат на Флорида на 6 и 7 април, кога ќе разговараат за Северна Кореја, тензиите во Јужното Кинеско Море и несогласувањата за трговските прашања.
- Кина има големо влијание врз Северна Кореја, Кина или ќе одлучи да ни помогне со Северна Кореја или нема, рече Трамп. - Ако го стори тоа, тоа ќе биде мошне добро за Кина, ако не нема да биде добро за никого, додаде Трамп.
Тој предупреди дека доколку Пекинг не ги реши проблемите со Пјонгјант, тоа ќе го сторат Американците.
Северна Кореја изврши две нуклеарни тестирања лани и се смета дека разработува нуклеарна ракета, со капацитет да стигне до САД.
Ново на Сител
-
Собранието им го отвори патот на Николов и Ѓурчевски за амбасадори
-
Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-
Преглед на вестите од светот
-
50 години и шест месеци затвор за нарко-кланот Грчец
-
Прва затворска казна за убиство на куче во Македонија
-
Пожарот кај Дојран ставен под контрола
-
Повеќе државни институции сместени во МРТВ две недели без вода - Вработени раце мијат во блиски молови
-
Македонија изгубила речиси 250 000 граѓани за една деценија, објави ЕВРОСТАТ