-->
-->
Трамп првпат изрази жалење оти понекогаш зборува избрзано
-->
Кандидатот за претседател на САД на Републиканската партија Доналд Трамп првпат во предизборната кампања јавно призна дека понекогаш зборува избрзано, и изрази жалење за тоа.
- Понекогаш во жарот на дебатата, додека зборуваш истовремено на повеќе теми, не бираш правилни зборови или зборуваш она што не треба. Ми се случило и на мене, призна Трамп.
- Верувате или не, жалам за тоа, особено кога можеби некому му нанело болка, истакна тој на митингот во Шарлот.
Трамп им вети на присутните дека „секогаш ќе ја кажува вистината“.
Според телевизијата „Си-Ен-Ен“ овие зборови на Трамп го нарушуваат неговиот остар политички стил, кој не предвидува извинувања за кажаното.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ребаланс на Буџетот кон крајот на јуни
-
Во сообраќајка загина 33-годишен мотоциклист од Кичево
-
Мицкоски најавува средба со семејствата на настраданите во пожарот во Кочани
-
Поевтинуваат горивата
-
Студенти од Турција ограбиле таксист во Скопје
-
24-годишен охриѓанец со стаклен предмет нападнал маж од Скопје
-
До крајот на неделата СДСМ со првите кандидати за градоначлници
-
Приведени четири лица, возеле со брзина поголема од дозволената