Трамп повторно изјави дека би било добро САД да ја контролираат Газа
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американската „контрола и сопственост“ на Појасот Газа би била добра работа, повторувајќи го предлогот што тој го даде неколку пати во текот на првите недели од неговиот нов мандат.
– Да се има таму сила како САД, која ќе го контролира и поседува Појасот Газа, би било добра работа, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа по средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Трамп рече дека во тек се напори за ослободување на заложниците кои ги држи Хамас, но дека ослободувањето на сите заложници е долг процес.
- Би сакал да видам војната да престане и мислам дека војната ќе престане во одреден момент, а тоа нема да биде во толку далечна иднина, рече Трамп, одговарајќи на новинарско прашање за неговото предизборно ветување дека ќе стави крај на војната во Газа.
Израел ја започна војната откако борците предводени од Хамас го нападнаа јужниот дел на Израел на 7 октомври 2023 година. Оттогаш, Израел уби повеќе од 50.000 Палестинци, покажуваат податоците на локалните здравствени власти.
Ново на Сител
-
Тргна коњаницата кон Крушево
-
Тема на денот со Марјан Калевски, Зелен Хуман Град
-
Претседателката на Антикорупциска поднесе оставка
-
Пратениците во вторник ќе расправаат за интерпелацијата на државниот обвинител Коцевски
-
Втор ден потрага по 16-годишно девојче кое вчера ја повлекоа водите на Вардар кај Уланци, Градско
-
Активни 6 пожари
-
Топлотниот бран ги „вжешти“ телефоните во Скопската брза помош
-
Расте бројот на нови партии пред изборите, без измени на Изборниот законик нема независни кандидати