Трамп повторно го нападна заменик-директорот на ФБИ
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера повторно ја доведе во прашање непристрасноста на заменик-директорот на ФБИ Ендрју Меккејб кој планира да се пензионира откако Трамп го нападна за наводните „расположенија против него“ во ФБИ.
- Како може заменик-директорот на ФБИ Ендрју Меккејб, кој раководеше, заедно со поткажувачот Џејмс Коми, со истрагата на лажгата Хилари Клинтон (вклучувајќи ги и нејзините 33.000 нелегално избришани пораки) за време на истрагата да прими 700.000 долари за кампањата на жена си од марионетите на Клинтон ?, напиша Трамп на Твитер.
Во 2015 година Џил Меккејб, сопругата на заменик-директорот на ФБИ, доби донации од 700.000 долари за потребите на предизборната кампања за Сенатот на Вирџинија од гувернерот на државата, кој се смета за сојузник на Хилари Клинтон, како и од локалниот огранок на Демократска партија. Во тоа време, сепак Меккејб не беше заменик-директор на ФБИ и немал надзорна улога во случајот со електронските пораки на Клинтон.
Освен тоа, Трамп во друг твит напиша дека Меккејб „чека да истече рокот за да се пензионира со целосна пензија“ и оти му остаnуваат 90 дена.
Трамп и неговите републикански сојузници јасно покажаа дека не го сакаат Меккејб во ФБИ, но тој е службеник кој не може да биде отпуштен без јасни докази за престапи.
Ново на Сител
-
Македонија пет години дел од најголемиот воено-политички сојуз - НАТО
-
Крива Река загадена со цијанид и олово, општината ќе бара кривична одговорност
-
Teма на денот со Михалис Рокас, евроамбасадор
-
Поднесено обвинение за сообраќајката во која загина Фросина Кулакова
-
Двајцата поранешни градоначалници на Кочани остануваат во куќен притвор
-
Само една од 800 згради во Карпош ги исполнува прописите за безбедност, рече Јакимовски
-
Граѓански организации бараат казни наместо време за прилагодување
-
Се намалува бројот на повредени кои остануваат на болничко лекување – критичните пациенти се подобри од вчера