Македонија
28. March 2025 - 21:31

Македонија пет години дел од најголемиот воено-политички сојуз - НАТО

Со едноминутно молчење и со испалување на 59 почесни плутони во спомен на 59-те жртви во трагичниот настан во Кочани во касарната „Илинден“ беше одбележана петгодишнината од членството на Македонија во НАТО. 

- Членството во Алијансата е влог во армијата и гаранција за безбедноста. Државата мора да продолжи да инвестира во одбраната и безбедноста преку учество во мировните мисии на НАТО и Обединетите нации, порача претседателката на државата Гордана Силјановска Давкова.

- Единството во Армијата и единството во Алијансата да го преточиме во единство меѓу граѓаните и да изградиме општество кое ќе се развива од сите аспекти, повика министерот за одбрана Мисајловски.

- Членството во НАТО ја направи Македонија фактор на стабилност и безбедност во регионот, порача началникот на Генералштабот Лафчиски.

Триесет војници кои беа дел од мировните мисии во последните две години, го добија НАТО медалот за будност.

Подготвеноста на македонската армија за справување во кризни состојби  беа прикажани и преку показни вежби изведени и од воздух и од копно, кои ги следеше државниот врв, воени аташеа на земјите сојузнички, амбасадори. 

Во март 2020-та Македонија стана триесетта полноправна членка на најголемиот воено-политички сојуз, НАТО.