Трамп: Подготвен сум да сведочам во истргата за руското мешање
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска одново ја потврди својата подготвеност да сведочи пред специјалниот обвинител Роберт Малер, во врска со истрагата за руското мешање во претседателските избори во САД во 2016 година.
- Да, би сакал да сведочам, изјави Трамп одговарајќи на новинарско прашање околку неговата подготвеност да се појави како сведок пред Малер.
Ваквата најава на Трамп уследи откако „Њујорк Тајмс“ објави дека неговиот главен адвокат во истрагата за руското мешање, Џон Дауд, поднел оставка.
Весникот, повикувајќи се на извори од тимот на Дауд, наведува дека тој решил да се повлече откако заклучил дека Трамп „се повеќе ги занемарува неговите совети“.
Дауд раководеше со адвокатскиот тим од минатото лето, кога од таа позиција се повлече долгогодишниот личен адвокат на Трамп, Марк Касовиц.
Американските медиуми изминативе денови во неколку наврати тврдеа дека претстојат промени во претседателскиот адвокатски тим, кој на почетокот на неделава беше засилен со уште еден адвокат, задолжен за тужбата против Федералното истражно биро (ФБИ) и Министерството за правда, во која се тврди дека тие фабрикувале обвиненија против Трамп за негова поврзаност со Русија за време на предизборната кампања во 2016 година.
Еден од застапниците на Трамп најави дека во текот на неделава кон тимот ќе се приклучи и адвокатот од Вашингтон, Џозеф Диџенова, како и дека е можно екипата да биде засилена и со искусниот адвокат Емет Флед.
Ново на Сител
-
Пет месеци од трагедијата во Кочани, 18-ти по ред „Марш на ангелите“
-
Тема на денот со Тони Менкиноски
-
Пратениците од ДУИ гласаа против измените во Изборниот законик за учество на независните на изборите
-
Средбата Трамп-Путин заврши без договор за прекин на руско-украинската војна
-
Цела ноќ битка со стихиите кај Јажинце, денеска критично и кај Јасен
-
Славески: Без јасна поделба на универзитетите секое следно рангирање ќе носи фрустрации, не решенија
-
Кога студентите ќе ги добијат ваучерите од 250 евра за електронски уреди?
-
Проблемот со струшката депонија пред судот во Стразбур