Трамп отворен за идејата Путин да посредува меѓу Изрел и Иран
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека е отворен за идејата рускиот претседател Владимир Путин да посредува за смирување на конфликтот меѓу Израел и Иран.
Трамп во интервју за Еј Би Си, рече дека за оваа можност станало збор во вчерашниот телефонски разговор со Путин.
– Ми се јави. Тој е подготвен. Долго разговаравме за тоа. Верувам дека ова ќе се реши, истакна Трамп.
Подготвност за можно руско посредување изрази и еден од сосработниците на Путин, Кирил Димитриев, кој кажа дека Русија би можела да игра „клучна улога“ како посредник во обидите да се спречи ескалацијата.
Трамп, претходно, на својата социјална мрежа Truth Social, објави и дека Иран и Израел наскоро ќе постигнат мировен договор.
– Иран и Израел треба да постигнат договор – и ќе постигнат. Исто како што успеав Индија и Пакистан да постигнат договор, напиша Трамп.
Сепак, во интервјуто за Еј Би Си, најави и можност за натамошна ескалација и вклучување на САД во конфликтот.
– Ние не сме вклучени во тоа. Можно е да се вклучиме, но во овој момент не сме вклучени, рече Трамп.
Ново на Сител
-
Убиство во психијатриската болница Бардовци
-
Тема на денот со Благојче Атанасоски
-
Матурантите постигнаа подобар успех од лани
-
Детали за акцијата на МВР
-
Сиљановска Давкова: Спортската неписменост и говорот на омраза се срам за сите
-
Беким Сали нов вицепремиер, ако Меџити победи во Чаир
-
Објавен огласот за избор на претседател на Антикорупциска, трае 10 дена
-
Статус Кво ситуацијата со скапо купените акцелератори за зрачна терапија, по една деценија се уште не се во функција