Трамп: Ниту еден компјутер не е безбеден
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека „ниту еден компјутер не е безбеден“ кога станува збор за приватноста на податоците, повторно изразувајќи скептицизам во однос на безбедноста на онлајн комуникацијата, која неговата администрација ќе ја користи секојдневно во планирањето на меѓународните односи.
Трамп пред новинарите за време на новогодишната прослава која синоќа ја организираше на својот имот во Мар-а-Лагу на Флорида истакна дека ретко користи мејл и компјутери, иако често твитува.
Тој нагласи дека повеќе има доверба во пораките кои се напишани со рака.
- Дококу нешто навистина ви е важно напишете го и испратете го преку поштенска служба, на старомоден начин. Бидејќи ќе ви кажам нешто: Ниту еден компјутер не е безбеден, рече Трамп, додавајќи дека не го интересира што другите велат.
Трамп повеќе пати ги отфрлуваше тврдењата на американските разузнавачки агенции дека Русија се обидувала да влијае на претседателските избори преку хакерски напади.
Тој најави дека следната недела ќе се состане со претставници на разузнавачките агенции со цел да дознае повеќе за тие тврдења, нагласувајќи дека сака американските официјални лица „да бидат безбедни бидејќи тоа е мошне сериозно обвинение“.
Ново на Сител
-
Приведен 67-годишник од Крушево кој управувал возило со 2,09 промили алкохол во крвта
-
Дејвис куп: Македонија загуби од Летонија, но избори пласман во Втора Светска група
-
Папата Лав Четиринаесетти повика на разум и дијалог меѓу Иран и Израел
-
Иран: Бесмислени се нуклеарни разговори со САД додека траат израелските напади
-
Тајани: Иран не смее да поседува нуклеарно оружје
-
Зеленски: Конфликтот Израел–Иран може да ја намали воената помош за Украина
-
Превентивни активности за безбедно патување во летни услови
-
Мицкоски: Будно ја следиме состојбата со Иран и Израел, активиран е кризен штаб во МНРиНТ