Папата Лав Четиринаесетти повика на разум и дијалог меѓу Иран и Израел
Папата Лав Четиринаесетти денеска ги повика властите во Иран и Израел да постапуваат разумно и одговорно во контекст на тековните воздушни напади меѓу двете држави.
Говорејќи од базиликата „Свети Петар“, поглаварот на Римокатоличката црква рече дека со голема загриженост ја следи ситуацијата и апелираше за итен дијалог.
– Во ваков чувствителен момент, сакам повторно да повикам на одговорност и разум. Посветеноста на свет без нуклеарни закани треба да се остварува преку искрен дијалог и почит, истакна папата.
Тој додаде дека за траен мир, заснован на правда, братство и заедничко добро, никој не смее да биде загрозен од постоењето на другиот.
– Државите имаат обврска да ја поддржат каузата на мирот, да се насочат кон помирување и да бараат решенија што ќе гарантираат безбедност за сите, порача папата Лав Четиринаесетти.
Ново на Сител
-
Македонските одбојкари поразени од Грција
-
Путин и Трамп телефонски разговараа за израелско-иранскиот судир и Украина
-
Индија зaпочнa вoнредна инспекција на сите Бoинг 787 по смртoнoснатa aвионскa несреќa
-
Израелски дрон предизвика пожар на најголемото гасно поле во Иран
-
Синер: По загубениот трофеј на Ролан Гарос, ги посетив моите родители и играв пинг-понг со пријателите
-
Голем пожар во Дубаи: Гореше небодер со 67 ката, евакуирани речиси 4.000 луѓе
-
Најавени масовни протести против Трамп во неколку градови во САД
-
Двајца повредени македонски државјани во сообраќајна несреќа во Албанија