Папата Лав Четиринаесетти повика на разум и дијалог меѓу Иран и Израел

Папата Лав Четиринаесетти денеска ги повика властите во Иран и Израел да постапуваат разумно и одговорно во контекст на тековните воздушни напади меѓу двете држави.
Говорејќи од базиликата „Свети Петар“, поглаварот на Римокатоличката црква рече дека со голема загриженост ја следи ситуацијата и апелираше за итен дијалог.
– Во ваков чувствителен момент, сакам повторно да повикам на одговорност и разум. Посветеноста на свет без нуклеарни закани треба да се остварува преку искрен дијалог и почит, истакна папата.
Тој додаде дека за траен мир, заснован на правда, братство и заедничко добро, никој не смее да биде загрозен од постоењето на другиот.
– Државите имаат обврска да ја поддржат каузата на мирот, да се насочат кон помирување и да бараат решенија што ќе гарантираат безбедност за сите, порача папата Лав Четиринаесетти.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Калиопи, естрадна уметничка
-

85 години од почетокот на НОБ
-

Доделени државните награди „11 Октомври“
-

Суспензија за 6 полицајци за инцидентот во Сарај
-

Граѓаните главно задоволни од квалитетот на живот
-

Дрва, пелети, струја или парно - кое греење зимава ќе биде најевтино?
-

Променливото време аларм за хронично болните
-

Сејф сити од утре во Охрид, Струга, Дебар и Кичево
