Трамп не ја исклучува можноста за испраќање „Томахавк“ ракети во Украина
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не ја исклучува можноста САД да ѝ испратат крстосувачки ракети „Томахавк“ на Украина, што, според него, би можело да изврши притисок врз Русија и да придонесе за завршување на војната.
Говорејќи пред новинари во авионот „Ер форс уан“ на пат кон Блискиот Исток, Трамп рече дека ќе разговара со Москва и ќе праша: „Дали навистина сакаат ‘томахавки’ да одат во нивна насока? Не мислам дека сакаат.“
Тој додаде дека ќе им порача на руските претставници: „Ако оваа војна не се реши, ќе им ги испратам томахавките.“
Украинскиот претседател Володимир Зеленски последниве недели повеќепати побара вакви ракети, кои имаат дострел до 2.500 километри и би ѝ овозможиле на Украина да погодува цели и во азискиот дел на Русија.
Трамп го нарече оружјето „неверојатно“ и „многу офанзивно“. - И искрено, Русија тоа не го сака, потенцираше американскиот претседател. Тој рече дека веќе разговарал и со Зеленски за ова прашање.
Иако го нарече потегот „нова етапа на агресија“, Трамп нагласи дека вреди да се разгледа затоа што сака војната да заврши.
Зеленски претходно објави дека разговарале и за системите „Патриот“ и за ракетите „Томахавк“.
Ново на Сител
-
Директор на училиште им се заканувал на вработени: Ќе одите на митинг или нема нов Договор
-
Судот одлучи дека Штекли е психички способен да го следи судењето
-
Тема на денот со Гордан Георгиев, Форум за разумни политики
-
Прегратки, солзи и овации - Израел и Хамас почнаа со размена на заложници
-
Разрешениот директор на Неврологија немал активна лиценца за работа како доктор
-
ДУИ и СДСМ - гласањето в недела е референдум, Mицкоски вели - предвремени избори ќе нема
-
СКСЗМ на средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и кандидати за градоначалници од партијата
-
Дигитализација на градот, уредување на кејот, решенија за ЈСП - нови ветувања на кандидатите за Скопје