Трамп најави митинг на местото на обидот за атентат во Пенсилванија
Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп сака уште еднаш да се појави на местото каде што беше застрелан во неуспешниот обид за атентат во јули, пренесе ДПА
Тимот на кампањата на Трамп најави митинг за 5 октомври на истата локација во близина на Батлер, во државата Пенсилванија, каде што поранешниот претседател беше застрелан на 13 јули.
Томас Метју Крукс се искачи на покачена позиција со автоматска пушка и испука неколку истрели кон Трамп на митингот, при што дел од куршум го погоди десното уво на поранешниот американски претседател.
Еден маж од публиката беше убиен, а двајца други гледачи беа тешко повредени во обидот за атентат. Крукс беше застрелан.
Претседателскиот кандидат сака да им оддаде почит на жртвите, соопшти неговата кампања. Тој, исто така, сака да им се заблагодари на безбедносните и итните служби за нивните напори.
Трамп се обидува да се врати во Белата куќа, откако ја напушти во 2021 година, со победа на американската потпретседателка Камала Харис на претседателските избори на 5 ноември.
Ново на Сител
-
Митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Митинг на СДСМ
-
Тема на денот со Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на Карпош од ВМРО-ДПМНЕ
-
Скапата терапија проблем за лицата со ретки болести
-
Преглед на вестите од светот
-
Ветото ја кочи ЕУ, отпор кон предлогот на Кошта за квалификувано мнозинство
-
Советниците на Град Скопје ја завршија последната седница за нецели 5 минути и заминаа на коктел
-
Мицкоски и Филипче се обивнуваат за црна кампања