Трамп изрази надеж декa ќе биде избран со помош на Господ
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска изјави дека се надева дека ќе биде избран со помош на Господ, јави телевизијата Фокс Њуз.
-Се што можам да правам е да се надевам, дека тоа е вистина, изјави Трамп на прашање на новинарот дали смета дека тој е избран од Господ.
Претходно, двајца американски професори по теологија кои изучуваат религија и политика изјавија дека се повеќе Американци веруваат дека на функцијата претседател на САД, Трамп бил избран од Бога.
Вакви изјави се се почести како се приближуваат претседателските избори закажани за ноември годинава.
Такви пораки доаѓаат и од високи официјални лица. Така на пример, Рик Пери, поранешен министер за енергетика на САД, лани во ноември изјави дека претседателот Трамп „е избран од Господ да ја води Америка“.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Амар Мециновиќ, кандидат на Левица за градоначалник на Скопје
-

Кандидати и актуелни градоначалници се мобилизираа во чистење на главниот град
-

Кој треба да понесе одговорност по изборните резултати?
-

Мицкоски повика на масовност во втор изборен круг
-

Се зголемува бројот на жртви на семејно насилство во Прилеп
-

Преглед на вестите од светот
-

Ќе има ли прегрупирање на гласови во вториот круг?
-

Тема на денот со Александар Трајановски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Аеродром
