Трамп и понатаму убедливо води меѓу републиканските претенденти за претседател на САД Вашингтон

Американскиот милијардер, Доналд Трамп и понатаму убедливо води меѓу претендентите од Републиканската партија, во трката за номинација за претседателските избори во САД во 2016 година, покажува најновото истражување на телевизија Фокс њуз.
Трамп кој на почетокот беше третиран како аутсајдер, сега на ниво на целата држава, ја има поддршката на 25 отсто од гласачите, што е многу повеќе од поддршката што засега ја добиваат фаворизираните кандидати, Џеб Буш, Скот Вокер и Марко Рубио.
Ниту еден од нив, не е зад Трамп, туку тоа место му припаѓа на уште еден аутсајдер, пензионираниот неврохирург, Бен Карсон за кого се определиле 12 отсто, додека на третата позиција е сенаторот од Тексас, Тед Круз, кој има подршка од десет отсто од потенцијалните гласачи.
Во истражувањето на Фокс њуз, направено во првата недела од овој месец, Буш обезбеди подршка од само девет отсто, што е помалку за шест отсто, во споредба со првото мерење на позициите на сите претенденти, кога беше рангиран зад Трамп.
Намалена е поддршката и за гувернерот од Висконсин, Вокер, кој сега е рангиран како пети и на сенаторот од Флорида, Рубио, на шестата позиција, со добиени само четири отсто, што е премалку за овој млад американски политчар кој пред отворањето на кампањата, се оценуваше како еден од најсилните претенденти, меѓу поголемата група републикански политичари.
Според истражувањето на Фокс, зголемена е подршката за Мајк Ханаби кој го настигна Вокер, како и на поранешниот претседател на Управниот одбор на „Хјулит Пакарад„ Карли Флорина, која сега има повеќе приврзеници од Рубио.
На дното на листата, се гувернерот на Охајо, Џон Касич, како и гувернерот на Њу Џерси, Крис Кристи и сенаторот на Кентаки, Ранд Пол, со добиени три отсто поддршка.
Американските аналитичари и понатаму не веруваат дека Трамп би можел да ја добие номинацијата на Републиканската партија, а тој самиот најави дека во тој случај би можел да се појави на изборите, во ноември идната година, како независен кандидат.
Слабата и несигурна позиција на Џеб Буш, син и брат на двајца поранешни американски претседатели, се објаснува не толку со неговото презиме, колку со лошите настапи на овој, претходно, успешен сенатор од Флорида во два мандати, а посебно со неговото неприфаќање за директна конфронтација со Трамп. ти/нд/10:33
###
Ново на Сител
-

Владата го усвои Предлогот за измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година
-

Русија ја бомбардираше Украина со комбиниран напад на роденденот на Путин
-

Меси: Дадов сè за Аргентина
-

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Турција, Алпер Акташ
-

Уапсен 32-годишник кој украл вкупно 12 велосипеди на подрачјето на Скопје
-

Уапсен вишиот јавен обвинител од Битола, Пецо Везироски
-

Николоски: Владата работи на развој на Коридорите како стратешка предност за економска и политичка стабилност
-

Мицкоски: Ќе дојде денот кога лидерите од опозицијата ќе се срамат од тоа што им го прават на Македонија и Македонците
