Преглед на вестите од светот
Собранието на Косово ја избра Јустина Широка-Пуља за претседателка на Косово, откако за неа гласаа 81 пратеник. Таа беше предложена од премиерот Албин Курти “, а избрана непосредно пред истекот на уставниот рок за избор на шеф на државата, со што се избегнаа нови предвремени парламентарни избори во оваа балканска земја, како што се случи во јуни. Јустина Широка Пуља е првата личност од католичка вероисповед на оваа функција во земја во која повеќе од 93 проценти од населението се изјаснува како муслиманско. Порача дека ќе биде претседателка на сите граѓани.
- Овој мандат не му припаѓа само на едно лице. Тој им припаѓа на нашите граѓани, на нашите институции и на државата за која многу генерации поднесоа жртви. Ќе бидам претседателка на сите граѓани, без оглед на нивната политичка припадност, етничката или социјалната заднина. Ќе работам за единство, правда, развој и зајакнување на нашите институции.“ изјави Јустина Широка-Пула.
Изборот следуваше откако Собранието ги усвои предложените измени на Законот за Специјализираните судови за Косово, што беше услов на Демократската партија на Косово за поддршка на претседателскиот избор. Широка-Пуља е претседателка на Академијата на науките и уметностите во Приштина и професорка по економија. Таа претходно беше министерка за енергетика и рударство од 2008 до 2011 година, а потоа и пратеник во косовското Собрание. Функцијата претседател во Косово е главно церемонијална.
Русија во раните утрински часови изврши масовни воздушни напади врз повеќе украински градови при што загинаа најмалку 19 лица соопштија укрианските власти. Нападите беа изведени со балистички и крстосувачки ракети и дронови. Најголем број жртви е регистриран во градот Прилуки, каде што загинаа 13 лица. Путин денес го слави 74 роденден а руските армија како родендески подарок за Путин уништи цивилни објекти напиша шефот на украинската државата Зеленски на социјланите мрежи. Од друга страна, руското Министерство за одбрана соопшти дека цел на масовниот удар биле воено-индустриски капацитети. Украинските сили возвратија со напад со беспилотни летата врз руската област Белгород . Во напдот загина едно девојче а беа погодени две приватни куки соопти гувернерот на Белгород.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
