Loading Video...
Свет
6. October 2026 - 16:30

Преглед на вестите од светот

Низ Франција продолжуваат протестите на средношколците , незадоволни од како што велат недоволното вложување во средните училишта. Се проетстира во повеке од 30 градови. На проетстите се приклучија родители, дел од наставниците и синдикати. Во Стразбур, Лил, и Лион дошло до судири меѓу полицијата и демонстрантите.

Француското Министерство за внатрешни работи проценува дека денеска на улиците низ Франција излегле над 100.0000 демонстранти. Во текот на измината недела, учениците блокираа стотици училишта, при штом се повредени најмалку 215 лица а уапсени се повеќе од 5000 демонстранти.

Два трговски брода во раните утрински часови беа погодени во напад со воздушни и морски дронови во бугарската ексклузивна економска зона во Црното Море. Бродот Алфа Ватан кој пловел под знамето на Того веднаш потонал а неговито екипаж се води како исчезнат. Во тек е потрага по морнарите.

На другиот брод со знаме на Палау избувнал пожар а членовите на екипажот беа спасени од патничкиот ферибот Диоскурија под бугарскко знаме кој во тој момент се наогаше во областа извести бугарскиот премиер. Бродот со знамето на Палау превезувал жито но не се објавени податоци за товарот на потонатиот брод.

Нападот се случил на околу 112 километри од крахбрежниот град Блаја додека бродовите пловеле по редовни трговски рути. Радев не кажа кој стои зад нападот, но се осврна на руската војна во Украина.

-Доколку оваа војна не се заврши навреме, таа ќе продолжи да го шири својот географски опсег и да го зголемува ризикот дури и од глобален конфликт. Гледаме како војната се интензивира, при што сега се кршат сите правила на меѓународното право и се напаѓаат цивилни бродови на море. Ова е апсолутно неприфатливо.Она што се случува крајно ја отежнува пловидбата во Црното Море, дополнително ги зголемува трошоците за осигурување и ја прави пловидбата исклучително тешка, изјави Румен Радев, премиер на бугарија.

18 лица, меѓу кои шест полицајци и 12 демонстранти беа повредени во немирите пред Собранието во Приштина синоча за време на протестот на кој се бараше пратениците итно да ги усвојат измените во законот за Специјализираниот суд за Косово во Хаг, иницирани по пресудите за четворицата поранешни водачи на ОВК, осудени на вкупно 81 година затвор.

Демонстрантите фрлаа камења и пиротехнички средства и палеа контејнери, а полицијата употреби солзавец и водени топови. Измените инциирани од опозицикстаа Демократска партија на Косово вчера поминаа во прво читање, но не и во второ.

Премиерот Албин Курти и неговото движење Самоопределување ја условија поддршката за финалното усвојување на законот со разрешување на прашањето за избор на нов претседател на земјата, бидејќи рокот за избор истекуваше на 6 октомври. Предложените измени би го ограничиле времетраењето на затворските казни на 15 години и би им овозможиле на обвинетите да поднесат жалба до Врховниот суд на Косово.

Косово го формриаше Специјализирнаиот суд во 2015 година под меѓународен притисок, со цел да им се суди на поранешните борци на Ослободителната војска на Косово обвинети за воени и повоени злосторства.