Трамп и Абе го зајакнуваат притисокот врз Северна Кореја
Американскиот претседател Доналд Трамп и јапонскиот премиер Шинѕо Абе денеска разговараа телефонски, потврдувајќи дека ќе ја „продолжат блиската соработка“ и ќе го зајакнат притисокот врз Северна Кореја, соопшти Белата куќа.
Целта на САД и Јапонија е да одговорат на вчерашното истрелување на балистичка ракета со среден дострел од страна на Северна Кореја, која прелета над јапонска територија.
- Двајцата лидера го потврдија продолжувањето на блиската соработка во напорите да го решат проблемот со севернокорејското лансирање на балистичката ракета со среден дострел која премина над Јапонија, се наведува во краткото соопштение на Белата куќа.
Ова е втор телефонски разговор меѓу Трамп и Абе во последните 24 часа.
Северна Кореја во вторникот истрела ракета која премина над северниот дел на Јапонија и падна во водите на Тихиот Океан, во близина на островот Хокаидо, што предизвика осуда од целата меѓународна заедница.
Ново на Сител
-
Роналдо му се заблагодари на Пиоли по заминувањето од Ал-Наср
-
Виолетовата медуза повторно присутна во делови на Грција
-
Трамп ја потврди посветеноста на колективната одбрана на НАТО и го поздрави растот на трошоците за одбрана
-
Измени на Законот за воздухопловство, предлог да се зголеми на шест години финансиската поддршка за нови авиолинии
-
Скопскиот Кривичен суд ќе го води судскиот процес за пожарот во кочански „Пулс “
-
Лион ќе се жали поради испаѓањето во Лига 2
-
Министерство за економија и труд: Да се применуваат мерките за заштита на работниците од горештините
-
Видеоиграта „Death Stranding 2“ достапна за обожавателите