Трамп го покани Орбан на „работна средба” овој месец

Унгарскиот премиер Виктор Орбан е поканет на „работна средба“ од американскиот претседател Доналд Трамп, која треба да се одржи на 13 мај.
Тоа беше соопштено од портпаролот на унгарската Влада, Золтан Ковач. Средбата ќе се фокусира на енергетската безбедност, одбранбената соработка, билатералните односи.
Во јули 2016 година, Орбан беше првиот национален лидер во Европската унија, кој го поддржа Трамп во изборната кампања за претседателските избори.
Орбан, кој освои трет последователен мандат со убедлива победа во април 2018 година, е голем противник на миграцијата и стана пример за многу европски националистички и екстремно десничарски партии.
Орбан денеска ќе биде домаќин на италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини, кој исто така е жесток противник на миграцијата.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

СДСМ го одржува 32. Конгрес
-

ВМРО-ДПМНЕ: ЕУ не фали - Филипче бара уставни измени
-

ЕФА ја изгласа резолуцијата на МАЕИ со која се бара албанските власти да ги спроведат правата на македонски јазик
-

Охридскиот аеродром се отовора кон Полска
-

Со едно скенирање до проверка на лиценца: Државата воведува нов дигитален систем
-

Мерџановски - пациенти да не користат недокажан медицински туризам
-

Штип со реконструкција на постојните и два нови моста
