Трамп: Договорот со Украина за ретки минерали ќе биде потпишан наскоро
Договорот за ретки минерали со Киев ќе биде потпишан наскоро, а напорите на САД за постигнување мировен договор за ставање крај на војната во Украина одат „прилично добро“, рече американскиот претседател Доналд Трамп по неговите разговори оваа недела со украинскиот и рускиот лидер.
Трамп го даде коментарот на настан во Белата куќа откако потпиша извршна наредба за зголемување на добивањето ретки минерали.
„Потпишуваме и договори низ светот за добивање ретки минерали и многу други работи“, додаде американскиот претседател.
„Во однос на Украина, се справуваме многу добро во однос на преговорите со Киев и Москва. А, една од работите што ќе ја направиме многу наскоро е да потпишеме договор за ретките минерали во Украина“, рече Трамп.
„Би сакале сето ова да заврши и сметам дека работите се одвиваат прилично добро“, рече Трамп, имајќи ги предвид преговорите со неговите украински и руски колеги, Володимир Зеленски и Владимир Путин, за ставање крај на војната во Украина.
"Значи, ние спасуваме илјадници животи неделно, на наша голема радост. Тоа е смислата на целата работа. Тие умираат залудно, а ние мислиме дека ќе постигнеме нешто. Ќе видиме што ќе се случи, но мислам дека ќе го завршиме тоа", додаде Трамп.
Украина и САД овој месец објавија дека се договориле што е можно поскоро да го финализираат сеопфатниот договор за ретките минерали со Киев, што Трамп го гледа како средство за компензирање на трошоците за американската помош за Украина.
Ново на Сител
-
Прeглeд нa вeститe oд свeтoт
-
12 повредени од пожарот во Кочани денеска ќе бидат испратени на домашно лекување
-
19 годишниот Јован како херој пречекан од соучениците во Виница
-
Мицкоски: Постапката за разрешување на Коцевски во моментов ќе биде запрена
-
СДСМ: Истрагата се води селективно
-
Ќе се менува законот за угостителска дејност
-
Минималната плата ќе биде донесена на денешната Владина седница и ќе изнесува 24.400 денари
-
Центарот за Социјална работа не бил известен за бегството на пациентот од болницата