-->
-->
Трамп денеска ќе разговара со Зеленски
-->
Белата куќа потврди дека американскиот претседател Доналд Трамп планира денеска да одржи онлајн состанок со украинскиот претседател Володимир Зеленски и европските сојузници, објави синоќа Би-Би-Си.
Разговорот ќе се одржи пред средбата на Трамп со рускиот претседател Владимир Путин в петок во Алјаска.
Путин разговараше за претстојната средба со Трамп со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.
Руските медиуми, повикувајќи се на Кремљ, пишуваа дека тие преку телефон споделиле информации за самитот во Алјаска.
Русија и Северна Кореја ги продлабочија своите безбедносни врски откако започна инвазијата на Украина, а Пјонгјанг испрати војници да се борат на страната на Москва.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Амар Мециновиќ, кандидат за градоначалник на Скопје од Левица
-
Преглед на вестите од светот
-
Се повеќе деца повредени со електрични тротинети
-
Заврши рехабилитацијата на повредените од „Пулс“ на Пониква
-
Жителите на Ново Село повеќе нема да патуваат и по 40 км за дежурен лекар
-
За младите да се задржат во општините мора активно да учествуваат во креирањето на локалните политики
-
Мицкоски најавува реконструкција на владата после локалните избори
-
СДСМ: Четири години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ - четири години разочарувања