Трамп: Би ја охрабрил Русија да нападне секоја земја што не ги плаќа своите обврски
Кандидатот за претседателска номинација на Републиканската партија и поранешен американски претседател Доналд Трамп изјави дека би ја „охрабрил“ Русија да ја нападне секоја членка на НАТО што нема да ги исплати своите обврски кон Северноатлантската алијанса, пишува Гардијан.
Вчерашниот коментар на поранешниот шеф на државата веднаш наиде на остри критики од Белата куќа, која изјавата на Трамп ја нарече „застрашувачка и несоодветна“.
Трамп вчера изјави дека за време на состанок на НАТО, му рекол на шеф на „голема земја“ дека под негово водство САД не би ги штителе државите „деликвенти“.
– Еден од претседателите на една голема земја стана и праша: Господине, ако не плаќаме и Русија не нападне, дали ќе не заштитите?“, рече Трамп и додаде дека му рекол на претседателот: „Не плаќате, криминалци сте? Не, не би ве заштитил, би ги охрабрил да прават што сакаат. Треба да платиш. Треба да си ги платиш сметките, објави Гардијан.
Трамп ова го изјави за време на кампањата за претседателска номинација во Конвеј, Јужна Каролина, пред внатрепартиските републикански избори во таа американска држава на 24 февруари.
Запрашан да ја коментира изјавата на Трамп, портпаролот на Белата куќа Ендрју Бејтс рече дека „охрабрувањето на убиствените режими да ги напаѓаат нашите (американски) најблиски сојузници е ужасно и несоодветно и ја загрозува националната безбедност на САД, глобалната стабилност и американската економија“.
– Договорот за НАТО содржи одредба која гарантира заедничка одбрана на земјите-членки во случај на напад врз која било членка, потсети Бејтс.
Трамп беше жесток критичар на Организацијата на Северноатлантскиот договор за време на неговото претседателствување и постојано се закануваше дека ќе ја повлече земјата од НАТО. Тој често се жалеше дека САД плаќаат повеќе за функционирањето на алијансата од другите членки.
Бејтс истакна дека сегашниот американски претседател Џо Бајден ги обновил американските воени сојузи по преземањето на функцијата во 2021 година и се погрижил Алијансата сега да биде посилна и повитално од кога било порано.
Ново на Сител
-
По протестот во Тирана, во притвор седуммина граѓани, а кривични пријави за 21 пратеник и 19 претставници на партии
-
Луксембург единствена држава во ЕУ каде жените се поплатени од мажите
-
Антикорупциска нема основ за поведување постапка против директорот на АНБ, Бојан Христовски
-
Отстранети неколку диви депонии во Чаир, Карпош, Ѓорче Петров и Аеродром
-
ЦУ: Спречен шверц на злато, лекови и фотоапарати
-
Еден од двата лифта расипан во МРТВ, ред се чека 40 минути | ФОТО
-
Руски брод потона по експлозија
-
Снег и ветер го блокираат Балканот: Патувајте само ако е неопходно