Loading Video...
Свет
23. December 2024 - 12:15

Преглед на вестите од светот

Илјадници луѓе се собраа го исполнија просторот околу плоштадот Славија и околните улици во центарот на Белград, вчера попладне и во текот на вечерта на протест против претседателот Александар Вучиќ и неговата владејачка Српска напредна партија. Тие ги обвинуваат за уривањето на покривот на железничката станица минатиот месец, во кое загинаа 15 луѓе. Владејачката коалиција ги негира тие обвиненија, а Вучиќ рече дека одговорните мора да одговараат.
Демонстрантите во неделата вечерта ги вклучија светлата на своите мобилни телефони и стоеја во тишина 15 минути во знак на сеќавање на жртвите.
Големиот студентски протест во центарот на Белград, на кој се приклучија земјоделци и бројни граѓани, започна со скандирања „Вучиќ, оди си“ и „Рацете ви се крвави“.
Протестот имаше и во Ниш и во други градови на Србија.

Рускиот претседател Владимир Путин му се закани на Киев со одмазда по нападот со дрон вчера врз рускиот град Казањ на Волга.
Шест украински дронови погодија станбени згради во Казањ, а седмиот погоди индустриски објект. Официјално нема повредени од нападот, додека медиумите наведуваат дека три лица се здобиле со расекотини од скршено стакло од прозори.

Казан се наоѓа на повеќе од 1.000 километри од украинската граница. Иако Украина не ја презеде одговорноста за нападот, тој се смета за одговор на рускиот ракетен напад врз Киев.
Десетици спортисти облечени како Дедо Мраз се појавија во водите на морето во близина на брегот на Солун веслајќи покрај некои од неговите најпознати знаменитости. Голем беше и бројот на посетители кои ја следеа оваа необична појава
„Сакаме да им доставуваме среќа и насмевки на луѓето – беше пораката. Настанот започна од солунската кула Беаскуле, а заврши во пристаништето.

Во Венеција пак Дедо Мразците ги заменија своите санки со гондоли во неделата и ги најавија празниците во Венецијанскиот Голем канал.
Во традиционалната облека на Дедо Мраз, тие учествуваа на годишната Божиќна регата, празнична традиција со гондоли и „маскарети“, типични венецијански чамци украсени со празнични украси.
Сето тоа беше дел од програмата „Венеција го осветлува Божиќ“, настанот го исполни градот лагуна со радост и живописни бои, ширејќи магија само една недела пред Божиќ.
Општинскиот пожарникар Хектор Чакон од северното предградие на Гватемала Сити беше облечен како Дедо Мраз. Тој се спушташе 70 метри со помош на колегите пожарникари, на задоволство на десетици деца кои беа во исчекување. 78-годишниот Чакон, веќе 27 години, на локалните деца на овој начин и ми доставува новогодишните пакетчиња, кои се добиени од акција за донации спроведена на противпожарни станици во централноамериканската земја – Гватемала.