-->
-->
Трајковски: Пожарите во делчевско изгаснати, состојбата будно се следи
-->
По седумдневна битка со огнената стихија во делчевскиот регион и натчовечките напори за да се стават под контрола и да се изгаснат пожарите и да не се дозволи загрозување на човечки животи и имоти на граѓаните, конечно, денеска сите пожари кои беснееја на територијата на Делчево, се изгаснати, информира градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски.
Со координирана акција на сите сили кои Општината ги имала на располагање, но и со помош од воздух од хеликоптери на Армијата и на соседни држави, како што рече Трајковски, уште во текот на вчерашниот ден изгаснати се пожарите кои беснееја на две локации во делчевско, над Разловци и над Тработивиште. Додаде дека состојбата и понатаму будно се следи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведен 25-годишник од Штип, бил баран со потерница поради бегство од затвор
-
Македонците во Белгија го чествуваат Велигден
-
Украина бара извинување од Фокс њуз затоа што напиша дека Киев е „руски град“
-
Зеленски: Русија на Велигден изврши 46 воздушни напади и 900 гранатирања на Украина
-
Папата Франциск кратко се појави на балконот на базиликата Св. Петар за благословот Урби и Орби и им го честиташе Велигден на верниците
-
Прегазен малолетник во Делчево
-
Матарела во велигденската порака: Велигден нека биде поттик за дијалог, единство и утеха
-
Министерство за одбрана на Русија: Украинските сили го прекршија велигденското примирје