Трајанов: Една изборна единица да биде владин приоритет
Повеќе пратеници иницираат средба на која треба да се разговара за реформи на изборното законодавство.
Имено, наскоро пред пратениците ќе биде доставен предлог за избор на нова Влада и Програма за работа на владата во периодот 2022–2024 година.
При градењето на приоритетите предлагам еден од врвните приоритети да биде темелни реформи на изборното законодавство, при што да се подготви нов Изборен законик во кој ќе се дефинираат основи за рамноправен политички натпревар, да се елиминираат системските предности за четирите „големи партии“, потоа Македонија да биде една изборна единица со пропорционален модел и без изборен праг.
Новите изборни правила да се донесат најдоцна до крајот на февруари, но измените на Изборниот Законик кои се во собраниска постапка да се донесат до 15 јануари 2022 година.
Заради градење заеднички и усогласен став предлагам доколку Ви одговара да одржиме работна средба на 13.12.2021 година (понеделник), со почеток во 13,00 часот, во сала „Борис Трајковски“ во Собранието.
Пратеник Павле Трајанов – Демократски сојуз
Ново на Сител
-
Хајрлуахи: Прават дефокус од Рекет 2
-
СДСМ: АНБ да ги декласифицира документите
-
Владините возила добија црвени таблички
-
„Синот“ на струмичкиот театар го отвори 33. фестивал „Ристо Шишков“
-
Преглед на вестите од светот
-
Голема НАТО вежба во Бугарија
-
Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот парламентарен состав
-
Одбележан 8 ми Септември - Ден на независноста на Македонија