Македонија
9. December 2016 - 16:33

Трајанов: Да покажеме демократска зрелост и да дадеме личен влог во промените

На 11 декември излезете и масовно гласајте за Коалицијата за промени и правда, која гарантира стабилност, единство и сплотеност. Да покажеме демократска зрелост и да дадеме личен печат и влог во промените. Ова денеска на прес-конференција го истакна Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз и носител на кандидатска листа во првата изборна единица.

Посочи дека Коалицијата за промени и правда има пет врвни приоритети: системски промени, робусни мерки, економски развој, полноправно членство на Македонија во НАТО и ЕУ и реформи во судскиот систем.

На прес-конференцијата се обрати и носителот на листа во втората изборна единица Јове Кекеновски, кој ги повика сите нивни членови, симпатизери, поддржувачи, како и оние кои не се определени, да гласаат за Коалицијата за промени и правда. 

Слободан Богоески, носител на четвртата изборна единица рече дека изборите на 11 декември се еднакво важни како и референдумот за самостојна Македонија од 8 септември 1991 година.