Трагичната љубов на славната актерка за која никој не зборува
Пред Мерил Стрип да стане една од најголемите актерки на својата генерација, доживеала трагична загуба.
Љубовта на нејзиниот живот починала од рак на белите дробови.
Кога го запознала актерот Џон Казал во 1976 година имала 27 години, додека тој имал 14 години повеќе од неа, и бил легенда. Се заљубиле еден во друг во моментот кога се запознале.
Тогаш Мерил не можела да претпостави дека две години ќе мора да паузира во кариерата и целосно да му се посвети на Казал, чие тело се распаѓало од канцерот. Кога докторот и соопштил дека Казал починал. Мерил удрила со раката во неговите гради и го оживеала на момент, доволно за да и рече:„Во ред е Мерил“.
Иако актерката никогаш не зборувала за ова, овие трагични настани влијаеле да стане актерка и личност каква што била целиот нејзин живот. Овие детали сега се откриени во биографијата за Мерил Стрип „Her Again”, која ја напиша Мајкл Шулман.
„Тој беше различен од другите. Беше специфичен, хуман, авантурист, чувствителен – изјави Стрип во едно интервју.
Иако кога ја започнале љубовната врска Казал веќе снимал филмови, тие одвај извлекувале крај со крај. Изнајмиле мало станче во Менхетен и излегувале во ресторани каде сопствениците ги честеле со оброци.
„Беше пријатно да се видат заедно бидејќи беа забавни. Беа прекрасни, но помалку чудни. Луѓето ги загледуваа, но не затоа што таа беше преубава“ – изјави драматургот Израел Хоровиц.
И токму во моментот кога дошле до малку повеќе пари и се преселиле во поголем стан, докторите му соопштиле на Казал дека се наоѓа во терминална фаза на канцер на белите дробови, кој метастазирал по целото тело. Стрип и Казал заедно се појавија во „Ловци на елени“ бидејќи му беше поставена дијагнозата. Таа улогата ја прифати само за да биде во негова близина.
Парот криел колку е всушност сериозна состојбата на Казал. На терапиите со зрачење го водел Ал Пачино, кој верувал дека Казал ќе оздрави и ќе се врати во актерството. Токму во тоа време продукцијата на „Ловци на елени“ сакала да го отпушти Казал, но екипата која работела на филмот се борела за неговата улога.
„Ми рекоа дека ако не се ослободам од Џон, ќе го стопираат филмот. Беше ужасно. Поминав со часови на телефон во расправии“ – изјави режисерот на филмот, Мајкл Чимино.
Мерил Стрип подоцна откри дека трошоците од лекувањето за Казал, ги платил Роберт де Ниро, иако познатиот актер тоа никогаш ниту го потврдил нити го демантирал.
Додека парот продолжил да се бори со трошоците од лекувањето после снимањето на „Ловци на елени“, Стрип ја добила главната улога во мини серијата „Холокауст“.
Поради овој проект морала два ипол месеци да престојува во Австрија и да го остави Казал во Америка. Тој немал сили да го издржи патувањето. Кога се вратила во Њујорк, Казал се наоѓал во најлошата фаза на болеста.
Оставила се и пет месеци била заедно со љубовта на својот живот, на кого од ден во ден му било се полошо. Канцерот се проширил и на коските. Мерил со него одела на сите терапии и прегледи. Казал во болницата „Меморијал слоан кетеринг“ влегов во март 1978 година и никогаш не се вратил дома. Стрип била покрај него цело време.
После неговата смрт нејзината кариера тргнала во нагорна линија. Шест месеци подоцна се омажила за скулпторот Дон Гамер, со кого има четири деца.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование и наука
-
245 000 ученици утре ќе седнат во училишните клупи - 17 250 се првачиња
-
Колку е штетен Чет ГПТ за децата и тинејџерите?
-
Филипче: Иако Мицкоски не’ одби ќе поднесеме документ за црвените линии
-
Партиски активности на кандидатите за градоначалници
-
Инфлацијата кај нас е повисока од еврозоната заради очекувањата дека цените ќе продолжат да растат
-
Недостасува ИТ квалификуван кадар за поддршка на електронските услуги