Tрагедија за српска пејачка: Сопругот ја испратил во „Фарма“, па починал!

Пејачката Данијела Стоиљковиќ Ела (35), пред самото влегување во реалното шоу „Фарма“ доживеа семејна трагедија. Нејзинот сопруг Александар Стоиљковиќ почина, откако ја испрати во карантинот на шоуто, пишува српски „Блиц“.
Александар ја оставил сопругата до местото каде што ќе се одржува шоуто „Фарма“, а само 10 минути подоцна починал од срцев удар, пишуваат српските медиуми.
Според првичните информации, тој враќајќи се во Белград, застанал на бензиската пумпа да купи сок. При излегувањето од пумпата паднал. Итната помош набрзо дошла, но лекарите можеле само да констатираат смрт.
Александар и Данијела биле заедно веќе 17 години. Важеле за идилична и складна двојка.
Имено, ноќта пред почетокот на српското реално шоу „Фарма“ се случила уште една трагедија. Пејачот Ненад Савановиќ, кој требало да учествува во реалното шоу, починал во 50-тата година од животот.
Ново на Сител
-

Освен во „Димо Хаџи Димов“, во друго училиште во Карпош не се најдени патогени бактерии
-

УЈП: Повратот на средства од МојДДВ за третиот квартал не е прекинат, ниту откажан
-

За 12 часа регистрирани над 65.000 сообраќајни прекршоци
-

Лишено од слобода лицето што му се заканувало на кавадаречкиот градоначалник
-

Милевски повеќе не е селектор на македонската репрезентација
-

Нормализиран сообраќајот на ГП Дојран
-

За еден денар поевтинуваат дизел горивата
-

Во третиот квартал годинава 10.033 слободни работни места
