-->
-->
Трагедија: Почина хрватски планинар на Кораб
-->
- Хрватскиот планинар П.П. (58) од Сплит вчера починал откако му се слошило додека бил на Кораб, на местото викано „Кобилино поле“.
Како што соопшти МВР, со П.П. (58) на Кораб биле и други планинари, членови на планинарско друштво од Сплит. Во еден момент нему му се влошила здравствената состојба по што побарал помош.
По дојавата во Центарот за информации и команда Тетово, П.П. со хеликоптер на МВР бил донесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ - Скопје, каде лекар констатирал смрт.
По наредба на Јавен обвинител на телото на починатиот ќе биде извршена обдукција, а увид ќе се врши во текот на денешниот ден.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Колку ќе загуби македонската економија во влезот на Бугарија во Шенген зоната?
-
Град Скопје обвинува: Од 15 институции надлежни за загадувањето, реагираме само ние
-
Работа и по пензионирање
-
Прилепската болница го намали долгот - Главен проблем недостатокот на кадар
-
Младите ретко пријавуваат корупциија, немаат доверба во институциите но стравуваат и од реперкусии
-
Охридското занаетчиство стагнира - Неопходна е стратегија
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска