Македонија
5. January 2025 - 16:32
Охридското занаетчиство стагнира - Неопходна е стратегија
Охридското занаетчиство стагнира . Секоја година има се помал број на новорегистрирани занаетчии а за жал има и такви кои ги згаснале дејностите и тоа најчесто непрофитабилните кои работат со загуби.Како за пример од 20 кондураџии моментално во градот има само 4 ,веднаш зад нив се опинчарите и шнајдерите.
Од регионалната занаетчиска комора сметаат дека ваквата состојба се должи на немањето долгорочна стратегија за развој на занаетчиството.
Повеќе од потребно е субвенционирање на занаетчиството сметаат лицата кои се занимаваат со оваа дејност изминатава години 14 занаетчии ставиле клуч на врата дел поради заминување во пензија а дел и поради слаби приходи.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->