Македонија
6. January 2025 - 13:52

Честитка од Минчев по повод Бадник: Солидарноста и поддршката се темел на нашето општество

Министерот за јавна администрација Горан Минчев упати честитка по повод христијанскиот празник Бадник. 

- Овој ден, кој е симбол на семејството, љубовта и заедништвото, нека Ви донесе мир, радост и благосостојба во Вашите домови, се наведува во честитката.

Минчев потсетува на значењето на солидарноста и поддршката, кои се, како што наведува, темел на нашето општество.

- Да го прославиме овој празник, со отворени срца, споделувајќи го празничниот дух со најблиските, пријателите и сите околу нас. Воедно, да се потсетиме на значењето на солидарноста и поддршката, кои се темел на нашето општество. Во името на Министерството за јавна администрација, Ви посакувам среќен и бериќетен Бадник, исполнет со љубов и хармонија, се наведува во честитката од министерот за јавна администрација Горан Минчев.