Традиционално искачување на Руен во организација на „Калин Камен 2015“
Вкупно педесет планинари од Крива Паланка, Скопје, Пробиштип и Прилеп учествуваа на традиционалната акција за искачување на врвот Руен на Осоговските Планини, во организација на планинарско-спортски клуб ”Калин Камен 2015” од Крива Паланка.
Акцијата, што се одржа вчера, почна од стартната точка кај машинската зграда над рудниците „Тораница“.
– Патеката е средно тешка, со денивелација од 700 метри искачување и исто толку симнување. Трасата е долга околу девет километри во еден правец, а искачувањето траеше околу три часа. Покрај самата патека има извор од каде пиевме и уживавме во убавините на Осоговоието во прекрасното сончево време. По пристигнување на врвот правевме пауза за одмор и фотографирање, а назад се вративме по истата патека, изјави Радмила Крстевска, претседателка на ЗПСК “Калин Камен 2015”.
Таа појасни дека акцијата е спроведена согласно сите стандарди за планинарење, со потребните опрема и додатоци.
-Акцијата е успешна, задоволство е да се биде дел од вакво друштво планинари, луѓе со позитивна енергија, за што упатувам благодарност до сите учесници. Времето беше одлично, што со сигурност ќе ги надополни убавите впечатоци од акцијата, додаде Крстевска.
Ново на Сител
-
Се тепале татко и син во Куманово, употребен е и нож
-
Загина 35-годишник во сообраќајка на автопатот кон преминот „Богородица“
-
Приватните автобуси до петок ќе возат само до 10 часот наутро
-
И утре посвежо со локален пороен дожд, од петок затоплување
-
Нa „Табановце“ и „Богородица“ за излез од земјава се чека 30 минути
-
Мизрахи: Разрешени девет директори во клиничките болници
-
Деновиве ќе биде соопштено од кои учебници ќе се учи во седмо
-
МАЕИ: Се подготвува декларација за непризнавање на пописните резултати