Традиционални награди и признанија за најуспешните крводарители во Велес

Во знак на благодарност за хуманоста и придонесот за омасовување на крводарителството општинската организација на Црвениот крст во Велес, денеска додели традиционални награди и признанија на најуспешните крводарители изминатата година по повод 17 март, Денот на доброволното дарување на крв и Денот на Црвениот крст на Република Македонија.
Благодарница добија ЈКП „Дервен“ од Велес, СООУ „Кочо Рацин“ од Велес, населба Градско и Милица Ристовска Темелковска, психолог во општинското средно училипте „Јовче Тесличков“ во Велес. Дончо Николовски, Ресул Асанов, Коле Панов и Златко Николовски добија плакети за 100 пати дарувана крв. На осум крводарители им беа доделени плакети во знак на благодарност за 50 пати дарувана крв, а шест крводарители за 75 пати дарувана крв.
Како што потенцира пред присутните д-р Милчо Трајков претседател на ООЦК на Велес, во изминатата година велешките крводарители како и во изминатите години останаа на врвот во хуманоста во Македонија и со собрани 4.377 крвни единици се на второто место по доброволно крводарување во Македонија.
- Ланскиот план за крводарување зацртан на 1.861 крвна единица беше повеќе од двојно натфрлен со собрани 4.377 крвни единици, а што е повеќе и споредено со 2014 година кога беа собрани 4.215 крвни единииц. Со тоа велешките доброволни дарители од крв и понатаму само ја потврдуваат својата голема хуманост, со својата крв да спасат нечиј живот во опасност, потенцира Трајков.
Ново на Сител
-

Силјановска Давкова на средба со Јотова во среда во Софија
-

Тема на денот со Оливер Миланов, директор на Агенција за храна и ветеринарство
-

Од полноќ нови цени на горивата, Мицкоски најави поевтинување на струјата од нова година
-

Статистиката измери инфлација од 4,8% во мај
-

Партиски препукувања околу европската иднина на Македонија
-

Законот за правична застапеност во среда пред пратениците
-

„Пулс“ надвор од системот, ниту еден редовен ниту вонреден надзор на ДЗС
-

Во тек е постапка за вработување на пет инспектори во Инспекторат за употребата на Законот за македонски јазик
