Македонија
8. јуни 2026 - 16:35

„Пулс“ надвор од системот, ниту еден редовен ниту вонреден надзор на ДЗС

Кочанската дискотека во која загинаа 63 лица, никогаш не била контролирана од Дирекцијата за заштита и спасување. Според документите покажани на денешното судење, ниту еднаш во „Пулс“ не влегле инспектори на ДЗС да проверат дали во објектот има противпожарна заштита. Дискотеката ја немало во годишните планови за редовен инспекциски надзор, а не се барала ниту вонредна контрола. Во најголем дел од документите, го пишуваше името на обвинетиот Шабан Салиу како директор на ДЗС, но во судницата тој велеше дека потписот не бил негов. Ги потпишувал заменикот. Реагираа родителите, прашуваат кој смеел да се потпишува во име на директорот на институцијата?

Во документите со кои не била предвидена контрола на кабареа и ноќни клубови во Кочани, потпишан е и обвинетиот Љупчо Грнчиштанов како генерален инспектор во дирекцијата.. На обвинителна клупа за пожарот во „Пулс“ има уште тројца поранешни директори на ДЗС, Аднан Џафероски, Беким Максути и Џевад Селами. Сите заедно, според обвинителството се гонат бидејќи како директори на Дирекциајта за заштита и спасување, не спроведувале надзор во ноќни клубови во државата, го нарушиле системот за заштита и спасување и ги изложиле граѓаните на опасност од пожари.

Судењето за пожарот во кочанската дискотека почна пред шест месеци.. На обвинителна клупа во судницата во Идризово, седат 35.. Обвинети се за тешки дела против општата сигурност.