Традиционален планинарски марш во чест на Борис Трајковски
Петнаесет планинари од Струмица, Радовиш, Гевгелија и Штип по петнаесетти пат ќе маршираат во чест на трагично загинатиот македонски претседател, Борис Трајковски.
Маршрутата долга 200 километри ја почнаа пред споменикот „Македонија“ во Струмица, подигнат во чест на Трајковски. На 26-ти овој месец, треба да пристигнат на гробот на вториот македонски претседател на гробиштата Бутел во Скопје и да се приклучат во одбележувањето на 16-годишнината од смртта.
– Меѓу учесниците годинава имаме и млади планинари, кои ќе ја продлжат оваа традиција и се надевам дека уште многу години ќе го одбележуваме овој настан во чест на претседателот Борис Трајковски, рече Никола Ристов од ПАОК „Ентузијаст„ од Струмица.
Пред тргнување планинарите положија цвеќе пред споменикот на Борис Трајковски.
Освен до Скопје, шеесет планинари од земјава и Бугарија денес и утре ќе пешачат и по падините на планината Беласица. Тие треба да се искачат на врвот „Ботра“ кој го носи името на Трајковски, на надморска височина од 1.880 метри.
Ново на Сител
-
Во ООУ „Наум Охридски“ во Булачани отворена нова спортска сала за 200 ученици
-
16 дена активизам против насилство врз жени и девојки
-
Млади во земјоделието
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Марија Ристевска
-
Силниот ветер откорна дел од кровот на средно училиште во Штип
-
Ветер од над 100 километри на час во штипско и битолско
-
Приватните превозници ќе се вклучат во сообраќај од понеделник, но бараат зголемување на тарифникот