Тошковски: Управниот суд поништи три незаконски одлуки на Владата
Управниот суд донесе пресуди со кои поништи три незаконски одлуки на Владата. Станува збор за две решенија за формирање на комисии за распоредување и една телеграма за спроведување на интерен оглас за пополнување на слободни работни места во МВР донесени од моја страна, а кои беа незаконски поништени од страна на Владата, објави на Фејсбук министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
-Имено, Управниот суд оцени дека тужениот орган, односно Владата при донесување на оспорените одлуки сторила повреда на правилата на постапката, предвидени со член 48 од Законот за Влада, од причина што во ситуација на несогласување помеѓу министерот и дополнителниот заменик во Министерството за внатрешни работи кое произлегува од доставените известувања на дополнителниот заменик на министерот во врска со тоа дали предметните акти кои се донесени од министерот претставуваат правно, финансиски и кадровско прашање кое се однесува на организација на изборите, пишува во објавата.
Владата, како што се наведува, се впуштила во оценување на законитоста иако била должна да ги упати страните ова спорно прашање да го решаваат пред Државната изборна комисија која е должна во рок од 24 часа да донесе одлука и истата да ја проследи до Министерството.
-Според наоѓање на судот, ДИК е единствено надлежен орган да утврди дали актот спаѓа во групата на акти кои се одобруваат од дополнителниот заменик во МВР, се посочува во информацијата што ја сподели Тошковски.
Со вака донесените пресуди, како што се наведува министерот, Управниот суд потврдува дека предметните акти донесени од моја страна се во согласност со Законот за Влада и другите закони и подзаконски акти кои ја регулираат оваа материја, а во исто време Владата постапила спротивно на законот односно погрешно го применила материјалното право.
Исто така, овие пресуди се доказ дека ваквите одлуки на Владата имаат исклучиво политичка позадина и истите оставаат црна дамка во целокупното спроведување на демократски, фер и слободни избори, посочува Тошковски во објавата на Фејсбук.
Ново на Сител
-
Лидерите на Вреди на состанок за состојбата во коалицијата и за локалните избори
-
Трамп подготвува нови санкции против Русија ако не се постигне примирје до крајот на април
-
Коцевски го побарал предметот за возачот кој ја прегази Теодора
-
Западни медиуми: НАТО подготвува воени карти во случај на конфликт со Русија
-
УНИЦЕФ: Илјадници деца се жртви на сексуално насилство во источниот дел на ДР Конго
-
Формирана нова првостепена комисија за лекување во странство
-
Утре и задутре посебен режим на сообраќај во Скопје и на патот ГП Блаце - скопска обиколница
-
Тројца осомничени за пожарот во Кочани одат во куќен притвор