Тони домати и праски од Албанија блокирани во Хрватска, содржеле пестициди и никел
Хрватска уништи четири тони домати произведени во Албанија, откако било утврдено дека биле испрскани со хлорфенапир, и тоа со пет пати поголема количина од дозволената со овој отров кој ги убива инсектите.
- Во официјално соопштение од EFSA беа објавени резултатите од лабораториските тестови, каде што дозволеното ниво е 0,01 мг/кг, додека резултатот достигна вредност од 0,06 мг/кг. Опасните домати беа произведени на земјоделски површини во Берат, објави Топ чанел.
Во меѓувреме, хрватската држава уништи 5,5 тони праски произведени во Дивјак, бидејќи во ова овошје е пронајдено високо присуство на тешкиот метал никел.
-Албанските земјоделци често го одгледуваат својот производ во оранжерии без да ги почитуваат нормите во користењето на заштитните средства. Ова потоа носи не само финансиски последици за албанскиот извозник, туку и намалување на вредноста на производите "made in Albania", наведува телевизијата
Зеленчук и овошје, произведено во Албанија, редовно завршува на пазарите во соседните земји, но, нивните граѓани, оние од пограничните места, го набавуваат непосредно од албанските земјоделци.
Ново на Сител
-
Вицепремиерот Фетаи одби да одговара на прашања на македонски јазик – не го владеел добро
-
Филипче: Резолуцијата е гаранција за заштита на националните интереси
-
Запален автомобилот на Ѓорѓи Галетановски Чомбе, вели немал закани, ниту непријатели
-
Македонскиот тим на прва мисија на НАТО вежбата во Бугарија 2025
-
Статистиката измери инфлација од 4,4% во август
-
Хајрлуахи: Прават дефокус од Рекет 2
-
СДСМ: АНБ да ги декласифицира документите
-
Владините возила добија црвени таблички