Томовски до СДСМ: Јуда со бакнеж, а Ковачевски со насмевки врши предавство, Ковачевски не е вечен, Македонија е
Една порака до оние кои се препознаваат како Социјалдемократи...
Предавството не се мие, останува како нечиста совест и таквата немир ќе ја наследат и вашите деца. Тоа е жезолот кој секој еден што ќе гласа им го предава на идните поколенија.
Македонија била предавана, ама ги надживеала предавниците. И вас ќе ве надживее. Вие со наведнати глави довека, а ние со нашата борба за Македонија за навека.
Јуда предаде со бакнеж, а Ковачевски со насмевка. Ама од судбина не се бега.
Нема алал од тоа што гордо, достоинствено и со насмевка ја ПРОДАВА Македонија!
Ние речиси сите се знаеме и се препознаваме во ова наше парче земја. И утре ќе се сретнеме. Не дозволувајте да шетате со наведнати глави поради лудоста и предавството на човекот кој ви ја води партијата. Затоа што има моменти кога е најважно кој на која страна бил. И затоа вие сте на потег да го спречите ова зло кое има име и презиме.
Ковачевски не е вечен, но Македонија да!
Ново на Сител
-
Во Oхрид забрзано се гради
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
„Не може некој со плата од 2.000 евра да кажува дека 400 евра е доволно“ – првомајски протест во Скопје
-
Кој колку троши по кафеани и се грижи за работниците – на Први мај власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања
-
0д 1-ви мај лани, до 1-во мај годинава, статус кво на работничките права
-
Традиционален првомајски пикник
-
Македонците масовно патуваат за 1 мај - најмасовна Богородица