Томовска: Во координација со финансиската полиција ќе одлучиме дали инспекцискиот надзор во М-НАВ ќе се прошири
Директорката на Државен инспекторат за труд, Весна Томовска информираше дека е извршен надзорот во М-НАВ согласно владината одлука, а со оглед на тоа што станува збор за пообемен надзор, најмал временски период во којшто може да се изготви записникот е една недела. Таа испрати апел да се остават инспекторите професионално да ја завршат работата, да ги утврдат сите факти и докази за да не се појават понатамошни шпекулации во јавноста.
Томовска по денешниот брифинг со новинарите изјави дека Инспекторатот во претходните години нема извршено инспекциски надзор во М-НАВ. Таа додаде дека со оглед на тоа што и финансиската полиција изврши надзор во М-НАВ, најверојатно ќе треба да се координираат и со финансиската полиција, за да се одлучи дали надзорот ќе се прошири или ќе остане, и кој од двата органи ќе ги врши и дополнителните инспекциски надзори.
-Надзорот во М-НАВ е направен согласно одлуката на Влада. И да, во претходните години немаме извршено инспекциски надзор. Меѓутоа, без разлика дали ќе имаше ваква одлука Инспекторатот постапува и по допрен глас во услови кога има одредени неправилности коишто укажуваат во делот на правата од работен однос, рече Томовска.
Прашана дали ќе се прошири истрагата во М-НАВ со оглед на обвинувањата дека таму се вработени роднини на одредени функционери, Томовска посочи кога станува збор за вработен, нерелевантно е чиј роднина е. Надзорот, како што рече, се спроведува на начин и постапка согласно законот.
Сепак таа додаде дека Инспекторатот не врши истрага. Како што рече, Инспекторатот спроведува инспекциски надзор, а за истрага е задолжен друг орган.
– Кога станува збор за вработен, за нас е неважно е чиј роднина е. За нас сите се вработени. Така што, доколку постои повреда на право од работен однос или незаконита постапка на вработување, во тој случај за нас важен е поимот вработен и работник. Дали е тој роднина на кој било, за нас е ирелевантно. Значи, надзорот ќе се спроведе на начин и постапка согласно закон. Инспекторатот не врши истрага. Инспекторатот спроведува инспекциски надзор. За истрага е задолжен друг орган, додаде Томовска.
Прашана кога се очекува да биде готов записникот од инспекцискиот надзор, Томовска посочи дека за еден ваков пообемен надзор најмал временски период во којшто може да се изготви записникот е една недела.
-Согласно Законот за инспекциски надзор, ние имаме рок за изготвување на ваквите инспекциски надзори подолг временски рок. Значи, да оставиме да си ја завршат инспекторите професионално работата, да ги утврдиме сите факти и докази како би можела јавноста да не има понатамошни шпекулации во делот на она како и што се случило во делот на постапките за вработување кај работодавачот, посочи Томовска.
Ново на Сител
-
МВР: На експресен пат почитувај ги правилата кои спасуваат животи
-
Тетовчанец управувал возило со 162 км/час на место каде е дозволено 80 км/час
-
Дурмиши: Нема драстично зголемување на цените на основните прехранбени производи
-
Изминатиот викенд 1077 сообраќајни прекршоци, 172 санкционирани возачи на мотоцикл
-
Завршни зборови на судењето за убиството на Вања и Панче
-
Мерко ослободен за набавката на аудито
-
Јужнокорејскиот претседател и јапонскиот премиер се договорија да ги зајакнат врските
-
За една недела санкционирани 101 непрописно паркирани возила во Центар