Тој е генијалец, Босанец говори 56 јазици
Мухамед Мешиќ од босанскиот град Тузла е своевиден вистински феномен, бидеќи говори 56 јазици.
Овој 32-годишен босански генијалец на само 16 години станал општински советник. Освен тоа, тој е и јапонолог и хебреист, а во 2010 ја добил и престижната „Бреинсворк“ награда.
3борувајќи за неговото полиглотство, тој вели дека тајната околу сето тоа е едноставна.
- Важно е да се има желба, а јас ја имав. Силната човекова волја е чудо, таа е главниот „виновник“ за нашите успеси. Светот на другите јазици е различен... перспективата е поинаква кога еден збор ќе се преведе на неколку јазици. Прв странски јазик со кој имав контакт, беше грчкиот, додека како мал бев на летување во Грција. Ете тоа ме инспирираше, изјави Мешиќ за „Ал Џезира Балкан“, додавајќи дека за совладување на основните вештини на некој јазик, му се потребни само неколку седмици.
- Колку повеќе јазици говориме, толку полесно ги учиме новите, оти јазиците се доста поврзани и слични, вели тој.
Ново на Сител
-
СДСМ достави документи до Владата
-
Меџити: Нема никаков скандал
-
Маркетите ќе бидат должни цените да ги објавуваат на интернет
-
Засилени полициски контроли
-
Младите би останале да живеат во Македонија, но треба да има подобри услови
-
Нови 35 проекти во Струмичкиот музеј
-
Преглед на вестите од светот
-
Американската резолуција за Украина изгласана откако доби европски „шмек"