Засилени полициски контроли
Засилени полициски контроли особено на автопатот во изградба Охрид - Кичево каде има најголем број на сообраќајни несреќи со фатални последици , на сите фреквентни сообраќајници и низ критичните делови на градот.Од охридската полиција најавија дека со зголемување на санкциите за возачите кои ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот, ќе се спречи дивеењето на улиците.
Најчеста причина за несреќите во билтените се наведува непочитување на сообраќајната сигнализација, особено ноќе,управување под дејство на алокохол или замор. Зголемениот број на сообраќајни несреќи со смртни последици, според надлежните го вклучи алармот во земјава.
Статистичките податоци покажуваат дека во текот на 2024 година случени се 280 сообраќајни несреќи со 5 жртви додека во 2023 вкупно 300 со две жртви на подрачјето на Свр Охрид.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар