Титаниум – Нов инстант лоз со возила на Државна лотарија

Државна лотарија, денес го пласираше новиот инстант лоз „Титаниум“ со примамлива понуда од два вида возила: 7 возила FORD FOCUS и 7 возила FORD KUGA од серијата Титаниум.
Имено, по истражувања меѓу учесници во игрите на среќа, спроведени на продажните места на Државна лотарија, љубителите на инстант лотаријата се изјаснија дека очекуваат токму ваков вид премии.
Како одговор на барањата на играчите, инстант лозот „Титаниум“ стана најнов член на семејството на инстант лотаријата на Државна лотарија. Лозот нуди вкупен фонд на добивки од близу 95 341 575 денари, вклучувајќи 14 премии од коишто: 7 возила FORD FOCUS и 7 возила FORD KUGA, 30 добивки по 50 000 денари и многу други вредни парични добивки.
Со забавно и лесно откривање на три исти симболи или износи, учесниците во оваа игра на среќа ќе ги бараат своите добивки во полето за игра на атрактивниот инстант лоз, а 14 од нив ќе станат сопственици на луксузниот комфор на титаниум, коишто ќе го пленат вниманието и на сите кои досега посакувале да возат или да подарат ваков тип на возило.
Инстант лозот има и атрактивна кампања којашто поттикнува да се замислиме над балансот меѓу своите очекувања и својата вистинска верба во среќата. Кога среќата се бара и чудата се можни.
Со ова ве покануваме, да не ги одминувате среќните места на Државна лотарија, да го побарате новиот лоз „Титаниум“ којшто може да ви донесе еден од 14-те автомобили.
За само 100 денари станувате потенцијален сопственик на софистицирано возило.
Воедно, ве поттикнуваме да подарите можност за СРЕЌА ПЛУС и во вашите планови за подарување да го вклучите и инстант лозот „Титаниум“, со којшто може покрај возбуда и забава, да подарите возило или вредна парична добивка. Инстант лозот, може да е вашиот перфектен подарок.
Комерцијален текст
Ново на Сител
-

Крајот на декември ќе се одлучува за зголемување на минималецот
-

Колку закони треба да се сменат за да профункционира „Сејф Сити“
-

Тема на денот со Никола Крстаноски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Собранието одлучи: Анкетна комисија за Кочани, модуларната, Беса Транс и Дурмо Турс
-

Возачите сами почнаа да ги обележуваат Safe City камерите на апликации
-

Филипче останува единствен функционер во СДСМ, вели дека лично ќе го води процесот на партиски реформи
-

ИПАРД фондовите во фокус на партиските обвинувања и злоупотреби
