Балкан
3. January 2017 - 16:52

Tинејџерка во своето прво патување во странство загина во Истанбул

Израелската тинејџерка Леана Насер ги молела родителите и покрај нивното противење да ја пуштат да го посети Истанбул за Нова година.

Леана никогаш не била во странство, дури никогаш не го напуштила ни Израел. Тројца нејзини пријатели иделе за Истанбул на прослава на Новата година, а таа сакала да оди со нив.

Таткото на тинејџерката не ги послушал молбите на Леана да и дозволи да патува, но нејзината упорност наишла на разбирање кај тетка и Лајал Масарвех, која се согласила да се заземе за нејзината идеја празниците да ги помине во Истанбул.

18 годишната Леана имала големи планови за иднината, сакала да стане стоматолог, штедела за првиот автомобил.

leana2

Прва на листата желби на Леана била заедно со пријателите да ја прослави Нова година во Истанбул.

Заедно со 4 другарки Леана во новогодишната ноќ се упатила кон клубот Реина. Неколку часа пред полноќ објавила фотографија на Снепчет. Кратко потоа терористот упаднал во клубот и уби 39 луѓе. Никој не можел да ја пронајде Леана. Нејзините две другарки поминале без повреди, додека една се наоѓа во болница во стабилна состојба.

Наскоро Леана била пронајдена по нејзините лични предмети замачкани со крв. Таа починала.

Најголемо е каењето на нејзината тетка која се зазела Леана да патува во Истанбул, но доцна е за се!Нејзиното тело ќе биде испратено во Израел за да биде погребана.