Тинејџерка си го напишала своето име на интернет: Сосема случајно видела нешто што животот и го претвори во пекол
Тинејџерка од Австралија еден ден од забава сакала да си го изгугла своето име на интернет, но во таа прилика наишла на стотина лажни порно-слики и експлицитни снимки.
Ноел Мартин од Перт имала само 18 години кога ги откри бизарните фото-монтажи.

„Тоа беше многу понижувачко и болно за мене. Тој удар по достоинството не се опишува лесно, буквално ве разорува како личност, изјави оваа, сега 23-годишна дипломирана правничка.
Како што рече, некој на интернет ги зел нејзините фотографии за потоа да ги креира спорните снимки и слики и потоа ги објавил на Фејсбук.
Она што најмногу ги исплаши е фактот дека некои од фотографиите настанале на местата каде живеела и студирала.
„Имаше моменти кога по гледањето на тие фотографии само можев да лежам и да плачам во креветот. Не можам со зборови да ви опишам како се чувствував кога првпат го видов сето тоа. На некои фотографии пишуваше дека сум глупава крава. Дури и ме ставаа на на насловна фотографија на порно филмови, а на еден од нив пишуваше „Третирај ме како ку*ва на фронт“, напиша таа на социјалните мрежи.
Кога овој инцидент го пријавила во полиција, и рекле дека сама е виновна и дека треба да биде снимателна со фотографиите кои ги закачувуа на социјалнтие мрежи.
Инаку во Австралија овој вид на малтретирање е во експанзија, па секој петти Австралијанец меѓу 16 и 49 години од животот е жртва на болни фотомонтажи.
Kurir.rs/The Sun
Ново на Сител
-
Превирања помеѓу народот и црквата
-
Заврши истрагата за 46 осомничени за пожарот во “Пулс”
-
Евалуацијата на повредените во “Пулс” ќе заврши до крајот неделата – досега прегледани 140 пациенти
-
Бугарија со нова резолуција за Македонија- македонците партии лобираат кај сестринските партии
-
Дали Македонија ќе стане една изборна единица? Независните бараат кандидатура со 50 потписи
-
Ѓорѓиевски: За 20 дена ќе се знаат сите кандидати за градоначалници
-
СДСМ: Скандалозна одлуказа отфрлање на кривичната за Христовски – ОЈО е партиски инструмент на ВМРО-ДПМНЕ
-
ОЈО ги истражува наводите за дивоградби во Чаир