Тимоние: Македонија треба да остане на патот кон ЕУ и НАТО
Македонија треба да остане на патот кон ЕУ и НАТО и за тоа е потребна одговорна влада што ќе биде способна да донесува одлуки и реформи и политичари со чувство за општ интерес на земјата, изјави денеска францускиот амбасадор во Македонија Кристијан Тимоние.
- Се очекува да се формира влада и важно е таа одлука да се донесе доста брзо, бидејќи земјата не може премногу да чека. Има економски и политички предизвици и секој очекува една силна Македонија. Еврокомесарот Хан утре доаѓа во Скопје и се надеваме дека ќе најде добро и практично решение кон сегашното успорување на формирањето влада, рече Тимоние.
Посочи дека секој очекува силна Македонија која ќе биде почитувана во својот територијален интегритет, суверенитет и своето единство, и во тој аспект Франција како и другите европски земји секогаш ќе биде на нејзина страна.
- Сметам дека денешните политичари ќе бидат на ниво на сите претходници низ историјата кои покажале како може да се работи заедно и со жртвување за општото добро помогнале за создавање на оваа земја, рече Тимоние.
Прашан дали тиранската платформа треба да се повлече, со оглед на тоа дека голем дел од Македонците се спротивставува на неа, Тимоние рече дека не е негово да се произнесува по тоа прашање.
Ново на Сител
-
5 клучни работи кои треба да ги проверите, пред да изберете мајстор!
-
Политико: Третата светска војна веќе е во тек - во Украина
-
Премиерот Мицкоски ќе учествува на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел
-
Русија: Го уапсивме човекот кој го уби генералот Кирилов
-
Сочувство од вселенскиот патријарх Вартоломеј за упокојувањето на митрополитот Тимотеј
-
Лидерите на ЕУ и земјите од Западен Балкан ќе се сретнат на разговори во Брисел
-
Без струја делови од Карпош и неколку приградски населби
-
Сончево со локална облачност, наутро со услови за магла по котлините